Ренџерс ќе мора да плати 8 милиони фунти ако го сака Миовски, во трка и холандски Феенорд!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски очигледно ќе биде една од главните мети ова лето од шкотското првенство, ако се суди според пројавениот интерес за неговите услуги по извонредните игри сезонава во дресот на Абердин.

Добро е познато дека Глазгов Ренџерс е еден од тимовите кои го посакува Миовски во своите редови, а шкотските медиуми сега пренесуваат дека Ренџерс ќе мора да плати осум милиони фунти (9,3 милиони евра) доколку сака негов ангажман.

Поранешниот менаџер на Абердин, Нил Ворнок, претходно посочи дека очекува заминување на Миовски на крајот на сезоната, а Глазгов е можна дестинација.

„Неспорно е дека тој е феноменален талент. Лично многу ми се допаѓа, мислам дека тој би бил перфектно засилување за Ренџерс. Нема сомнеж дека Абердин ќе бара голема сума на пари за него. Ќе зависи од тоа колкав е интересот, но не би бил изненаден доколку Абердин бара осум милиони фунти за Миовски“ – пишува и шкотскиот новинар Џејк Мекфарлан.

Од друга страна денови и холандските медиуми пренесуваат дека Бојан Миовски е една од опциите за засилување на еден од најдобрите холандски клубови Феенорд.

И Селтик е секако дел од клубовите кои се спомнуваа како негова идна дестинација, но јасно е дека се ќе зависи и од висината на понудата која ќе биде доставена до Абердин.

Се вчитува...