Финансиски, на Борусија Дортмунд повеќе ѝ одговара пораз отколку победа во финалето на ЛШ

Присуството на Џуд Белингам на финалето на Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид ќе биде посебно емотивно и интересно.

Младиот Англичанец во неговиот, главниот град Лондон, ќе се обиде да стигне до првата своја титула во ЛШ, и тоа против клубот за којшто играше минатата сезона. Токму трансферот на Белингам од Борусија во Реал носи еден интересен „зачин“ во финалето.

Во договорот има клаузула дека ако Белингам ја освои ЛШ во својата прва сезона во Реал, Кралскиот клуб треба да му плати на клубот од Дортмунд бонус дури од 25 милиони евра. А, ако Борусија стане европски првак, од УЕФА би заработила 20 милиони. Значи, германскиот тим финансиски би поминал подобро ако го загуби финалето и така би добиле 5 милиони евра повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести