Top Sport

Ако ја елиминираат Барселона играчите на Наполи ќе поделат 10 милиони

Фудбалерите на Наполи имаат можност да се пласираат во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но и да го потврдат учеството на првиот Мундијал за клубови со 32 учесници.

Како што е познато, во 2025 година ќе се одржи првото клупско СП со 32 екипи, а учеството ќе го потврди и Наполи доколку се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Првиот човек на наполитанците, Аурелио Де Лаурентис, реши дополнително да ги мотивира своите играчи. Фудбалерите на Наполи ќе подалат 10 милиони евра доколку ја елиминираат Барселона.

Барселона од 21 часот ќе го пречека Наполи. Првиот натпревар заврши без победник 1:1.

Scroll to Top