Балканленд

„Долази љубав“ – Марија Шерифовиќ му посвети песна на синот Марио (Видео)

Марија Шерифовиќ штотуку објави дека стана мајка, една недела подоцна пејачката објави и дека му посветила песна на синот Марио.

„Мојата ведрина доби лице, а моето срце сега има безбедно пристаниште. Музиката отсекогаш ми била единствениот начин да се објаснам, да споделам парче од мојата душа. Му ја напишав песната „Долази љубав“, додека го чекав и сонувам. Затоа денес го споделувам со сите вас, за со неa. да сонувате за сите оние кои ви носат љубов и мир. Мојата љубов дојде – нејзиното име е Марио. Сине мој, ова ти е прв подарок“, напиша Марија на својот Инстаграм профил.

Песната „Долази љубов“ е воедно и последната песна од истоимениот албум кој беше објавен пред два месеци.

Можеби ќе ве интересира: