Поголема вклученост на жените и младите на пазарот на трудот

44

Општина Ѓорче Петров, со претставници од фондацијата за менаџмент и индустриско истражување „Мир“ и здружението на граѓани „Праведни и професионални“, денеска ги договорија деталите околу заедничката соработка и имплементација на прекуграничен проект чија цел е зголемена партиципацијата на жените на работните позиции.

Освен кон жените, проектот е насочен и кон ранливите категории жени и млади до 35 години на пазарот на трудот. Во негови рамки, предвидено е да бидат организирани обуки, посети на компании и менторски сесии за професии во кои доминираат мажите, односно ИТ, обработка на метали и градежништво.

Проектот е во склоп со целите и приоритетите утврдени во програмата за локален економски развој на Општината, стратегијата за унапредување на родовата еднаквост и програмата во однос на еднаквите можности меѓу мажите и жените. Проектот ќе се имплементира до март 2025 година.