Утрински Весник
Свет

Трамп за потенцијално одење во затвор: Тоа е жртва што сум подготвен да ја направам

Tramp 2.webp.webp

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека повеќе би сакал да оди во затвор отколку да се придржува на тековното судење.

Имено, судијата во кривичната постапка во која Трамп е обвинет за фалсификување деловни документи со цел да прикрие наводни плаќања на порно актерката Сторми Даниелс, му се закани на поранешниот претседател со затворска казна бидејќи повеќепати ја прекршил забраната да зборува за случајот.

„Искрено, нашиот Устав е многу поважен од затворите“, рече Трамп во ходникот на судот во Менхетен. „Не можат ни да се споредуваат. Подготвен сум да ја дадам таа жртва“, рече тој.

Трамп брзо ги искористи пресудите за да добие поддршка во кампањата, и од гласачите и од донаторите.

Во е-поштата за собирање средства испратена пред да оди на суд, Трамп рече дека „либерален судија во Њујорк“ му се заканил дека „ќе го фрли во затвор“ и дека „го сакаат со лисици.

Неговата кампања ги повика приврзаниците да „Застанат со Трамп“ и да насочат донации до заедничкиот комитет за собирање финансиски средства започнат оваа пролет.

Заканите, исто така, му даваат на Трамп нов начин да го критикува американскиот правосуден систем, за кој вели дека е нефер и пристрасен, објаснува Политико.

Можете да прочитате

Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан

Паѓаат цените на недвижностите во Германија, растат на кириите

Лавров директно му се обрати на Киев: Се надевам дека оваа порака ќе биде разбрана