1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Менталното здравје на младите се покревко

ДТЗ
16 април 2024

Вкупно 307 дојави за проблеми со менталното здравје, повреда и семејни односи пристигнале на СОС линијата на „Меѓаши“. Во десет од дојавите младите се пожалиле дека имаат самоубиствени мисли.

https://p.dw.com/p/4eqj8
Депресија Млади
Менталното здравје на децата е нарушено веќе неколку години наназад. Фотографија: George Mdivanian/PantherMedia/IMAGO

Вкупно 307 дојави за проблеми со менталното здравје, повреда, семејни односи и пристапност, со кои се опфатени 379 млади лица пристигнале на телефонската линија на „Ало Бушавко“ на Првата детска амбасада „Меѓаши“. Во десет од дојавите младите се пожалиле дека имаат самоубиствени мисли.

Минатата година на СОС телефонот биле остварени 619 разговори. Највеќе пријави има од деца на возраст од 13 до 15 години, потоа од 10 до 12 и на трето место по зачестеност на дојавите се за деца на возраст од 7 до 9 години.

Менталното здравје во криза

Што се однесува до менталното здравје, најголем дел од дојавите се однесуваат на емоционална вознемиреност - гнев, страв и вознемиреност, како и проблеми со расположението. Децата се жалеле и на ментално/емоционално насилство, физичко насилство и занемарување (негрижа). 

Децата се жалеле и на проблеми и прекршување на правата што спаѓаат во категоријата семејни односи, а во врска со пристапноста се соочиле со проблеми во однос на пристапот до образование, до здравствена заштита, правни услуги и социо-економски услуги, велат од „Меѓаши“. 

Самоубиствени мисли

Менталното здравје на децата е нарушено веќе неколку години наназад. Според извештајот, изминатата година е зголемен бројот на дојави за самоубиствени мисли и самоубиство. Според Драги Змијанац, извршен директор и основач на Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“, лани за само два месеци имало десет дојави за самоубиство од млади. 

„Нам ни беше голем предизвик како да постапиме, што да сториме. Стапивме во контакт со Комора на психолози. Но, сфативме дека за овој сериозен потфат ни се неопходни институциите. Стручните служби треба да имаат сознанија како да постапат. Министерството за здравство и Министерството за образование и наука треба сериозно да ја сфатат пораката и апелот од Првата светска амбасада „ Меѓаши“ и „Ало Бушавко“ да се впрегнат да направат протокол, упатство, како стручните служби да постапат соодветно за да не се случи да се одземе детски живот“, вели тој. 

 

Младите Македонци најнесреќни во регионот