Финансии / Банкарство
СЛОВЕНИЈА СО БУЏЕТСКA ДУПКА ОД ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА, од данок на добивка се собрани 1,2 милијарди евра
12.08.2024
Во буџетот на Словенија во првите седум месеци годинава се остварени 7,9 милијарди евра приходи и 8,4 милијарди евра расходи. Буџетскиот дефицит изнесува 518 милиони евра.
Приходите во наведениот период се поголеми за 9,3 отсто, а расходите се повисоки за 7,9 отсто во однос на лани, пренесува „Бизнис.рс“.
Приходите од данок изнесувале 6,9 милијарди евра и се повисоки за 11,6 отсто во споредба со истиот период лани. Најголем прилив е остварен од данокот на додадена вредност, кои достигнаа три милијарди евра. Приходите од данокот на доход изнесуваат 1,1 милијарди евра. Од данок на добивка се собрани 1,2 милијарди евра.
фото freepic