МВР: Испукана димна бомба во Скопје, фотографирања на гласачко ливче, во Чаир пронајдени летоци…

t

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информираше за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.

„Од отворањето на гласање од 7 часот не се забележани поголеми проблеми. Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип. Во радовишко, едно лице го покажало гласачкото ливче на набљудувач. За сите овие настани се преземаат мерки за расчистување.

Во Чаир се забележани летоци врз паркирани автомобили, а се регистрирани и два графити. На едно гласачко место во Скопје, од страна на шеф на избирачки одбор, е пријавено дека е пронајдена испукана димна бомба.

Апелирам до граѓаните во текот на гласањето да се воздржат до инциденти, и ако има увиди за нарушување на изборниот процес, да се пријават во најблиската полициска станица“, рече Ангеловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Воскресна“ клубот „Иван Михајлов“ во Битола, живо…

„Воскресна“ бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во срцето…

Шпигел со шокантни сознанија: Некои земји-членки на…

Балтичките земји би можеле да испратат свои…

Несреќа во Турција, автобус удри во колона…

Во сообраќајна несреќа во Мерсин, на југот…

Се огласи разрешениот директор од кардиохирургија: Разрешувањето…

Разрешениот директор на Клиниката за Кардиохирургија, Марјан…

(Видео) Израел му врати на Хамас: изврши…

Десетици луѓе загинале или се повредени во…