18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПарите на граѓаните се трошени без усул!

Парите на граѓаните се трошени без усул!

Техничката министерка во оваа предизборна влада Елена Петрова од ВМРО-ДПМНЕ, упати сериозни обвинувања на нејзиниот колега од ДУИ министерот Фатмир Бесими. Улогата на техничката министерка е да води контрола во однос на траспарентно трошење на народните пари во ова предизборие, а таа веќе објави загрижувачки податоци во однос на расходната страна на државниот буџет, не само за овие четири месеци од годинава, туку и за раскошот кој бил секојдневие во последниве седум години. Дел од објавените податоци, кабинетот на Бесими ги демантира, но за дел засега нема одговор.

Во првите четири месеци од годината исплатени се 313,5 милиони евра како „други трансфери”. Под други трансфери не влегуваат платите на администрацијата, туку исплатите за субвенции за јавни претпријатија, трансфери до невладини организации, а тука влегуваат и блок дотациите и дотациите од ДДВ за општините.

Податоците велат дека за само четири месеци од годинава се потрошени 313,5 милиони евра за „други трансфери”. Споредбата која ја прави техничката министерка Петрова е со периодот во кој на власт била партијата ВМРО-ДПМНЕ, и во тој период вели дека се трошеле тие пари за девет месеци.  Петрова вели дека како што тргнале властите со исплатите на „други трансфери” во 2024 година, ќе постават уште еден нов рекорд во трошење. Овие исплати во овој четиримесечен период јануари – април изнесуваат речиси половина од годишниот просек од претходните седум години. И тоа 313,5 милиони евра за четири месеци во 2024 година, наспроти 727 милиони евра просечно годишно во изминатите седум години.

„Тенденцијата кај буџетските расходи изразени како процент од БДП покажува многу поголем пораст во периодот 2017-2023 во однос на периодот 2008-2016. Во периодот 2008-2016 тековните расходи на годишно ниво изнесуваа во просек 28,9% од БДП, а потоа следува пораст за 1,9 п.п. до просечното годишно ниво од 30,8% од БДП во перидот 2017-2023. Додека има пораст на тековните расходи, кај капиталните расходи има пад за 0,5 п.п., односно просечното годишно ниво од 3,6% од БДП (2008-2016) се намали на 3,1% (2017-2023). Покрај тенденцијата на намалување во однос на БДП, капиталните расходи во овој седумгодишен период ниту по својата структура немаат вистинска развојна компонента, бидејќи вклучуваат исплати за поддршка на тековното оперативно работење на државни претпријатија – загубари, пред сѐ АД ЕСМ. За ова до сега често информиравме“, вели техничката заменик министерка за финансии Елена Петрова

За овие обвинувања засега нема реакција од министерот Фатмир Бесини. Претходно, Петрова обвини и дека според нејзините пресметки, нема доволно пари во државнјата каса за предвидените зголемени плати на вработените под државна капа, и за повисоките пензии на пензионерите. Петрова додаде и дека лажно било ветувањето за трајно вработување на над 1000 здравствени работници кои со години биле на договор на дело. Во овој случај министерот Бесими посочи според Законот за влада, до дополнителниот заменик-министер биле доставувани на разгледување сите предмети не навлегувајќи во толкување на одредбата која и така е општа во однос на прецизирање на тоа кои документи и акти се поврзани со организација на изборите.

„Министерството за финансии од почнување на мандатот на Преодната Влада, во која во Министерството за финансии има дополнителен заменик-министер за финансии во духот на добра соработка, транспарентност и отчетност во работењето, а со цел заеднички и рамноправно да учествува во одлучувањето, сите предмети кои беа доставувани на потпис до министерот, беа доставени на разгледување и до дополнителниот заменик-министер, вклучително и документите кои се однесуваат на постапките за вработување и унапредување во МФ и издавањето известувања за обезбедени средства за нови вработувања кај буџетските корисници“, велат од Министерствот за финансии.

По овие тешки обвинувања за злоупотреба на државните пари техничката министерка Елена Петрова најави дека ќе ги повика и инстражните органи дополнително да ја прочешлаат цела документација од последниве седум години, а особено за тоа како се трошеле парите на граѓаните од Нова година до сега.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП