Хојлунд како Анелка, пет гола на пет меча по ред!

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Расмус Хојлунд покажа дека е во најдобрата форма откако пристигна во Англија, со придонесот во победата на неговата екипа над Астон вила, 2:1.

Хојлунд (21) го постигна водечкиот гол во 17. минута со што стана вториот најмлад играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал гол на пет последователни првенствени натпревари.

Ова на помала возраст му успеало само на Николас Анелка. Французинот го забележа истиот подвиг во дресот на Арсенал во ноември 1998 година, кога имаше само 19 години.

Серијата голови на Хојлунд започна на „Боксинг деј“ во победата над Астон вила од 3:2 . До тој натпревар Хојлунд одигра 14 последователни натпревари во Премиер лигата без да постигне гол. Потоа постигна гол на средбите со Тотенхем, Вулверхемптон и Вест хем, како и на вчерашната пресметка на „Вила парк“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО