Српскиот пливач Урош Николиќ е позитивен на допинг-тестот на Светското првенство во пливање. Според информациите на српски „Спорт клуб“, тој бил позитивен на забранетата супстанција псеудоефедрин, која била присутна во лекот за алергија што го користи Николиќ. Поради ова тој ќе поднесе жалба до Светската антидопинг агенција која ја прифатила, па српскиот пливач повторно ќе биде подложен на тестирање.

Во таа пригода, Николиќ ангажирал адвокати за да се обиде да избегне суспензија, бидејќи и минимална казна би го одвоила од Олимписките игри во Париз.

Ако неговата жалба биде неуспешна, сите резултати од Светското првенство ќе бидат поништени, додека српската штафета составена од Стјепановиќ, Барна и Ачин ќе треба да бара четврти член.