Здружението „Наши” организира родителски караван со автомобили во Скопје

Здружението „Наши“, како дел од напорите за остварување на правото на заедничко родителство по развод, организира родителски караван со автомобили во Скопје.

Караванот ќе започне во сабота, 30 март, во 11 часот пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје и ќе се движи кон Министерството за правда и потоа кон Владата на Република Македонија. Пристигнувањето пред Владата ќе биде 11:55 часот (пет до дванаесет), каде што ќе се упати апел дека е крајно време да се донесе долгоочекуваниот нов Закон за семејство со вклучено заедничко родителство по развод како прва и основна опција за родителите кои се разведуваат.