Фуркан Салиу се извини за неговото однесување со полицијата, пиштолот бил со дозвола

Фуркан Салиу се извини за неговото однесување со полицијата, пиштолот бил со дозвола

Новинарот Салиу кој беше приведен на информативен разговор се огласи за случајот. Преку статус на Фејсбук Салиу напиша дека жали што со однесувањето влијаел ситуацијата да ескалира.

„Жал ми е што со моето однесување можеби влијаев ситуацијата да ескалира за да завршам со лисици. Жал ми е дури и ако ве разочарав што верувавте во мојата работа. Ве уверувам дека јас не ја нападнав полицијата. Иако се беше снимено, полицијата ги избриша материјалите во полициската станица. Што се однесува до пиштолот што беше пронајден во мојот автомобил, пиштолот е со дозвола и пронајден во мојот автомобил. За време на моето апсење, телефонот и клучевите ми испаднаа од џебот и ги зеде снимателот. Без судски налог и без јас да бидам присутен како сопственик на автомобилот, тоа беше проверено од специјалната единица. Делото за кое се товарам, напад врз полицаец, не држи вода и никогаш не може да се докаже“, напиша Салиу.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста