Неофицијално: Огромно водство на Силјановска Давкова пред Пендаровски

Од досега 10 отсто обработени гласови, неофицијално, професорката Гордана Силјановска Давкова е во големо водство пред Стево Пендаровски. Таа има добиено 44,56% од гласовите на граѓаните, а Пендаровски 18,36%.

Зад нив е Бујар Османи со освоени 14,8% од обработените гласачки ливчиња.

Арбен Таравари освоил 9,44% од изброените гласови, а Димитриевски 6.95%.

Од овие изброени гласови, за Ванковска се изјасниле 3,82%, а за Јакимовски 0,69.

Неважечки се 2,09%.