44,18 проценти е одѕивот на изборите до 17 часот

67

Во споредба со првиот круг на преседателските избори во 2019 година, до 17 часот се забележува поголема излезност од околу 9 отсто.

До ДИК досега се доставени 308 приговори за заштита на лично избирачко право, од кои 75 се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат правото на глас, 25 се отфрлени како неуредни, 38 се одбиени, а останатите се во обработка.