ИМ ПОДАВА РАКА НА СИТЕ. ВРАТИТЕ ВО СКОПЈЕ ЗА ПАЛАНЧАНИТЕ БЕА ШИРУМ ОТВОРЕНИ Време е да ја наградиме неговата пожртвуваност за сите нас

Кривопаланчани не смеат да си го дозволат луксузот да изгубат некој како Љупчо Николовски!

ЉУПЧО Е НАШ И Е ЕДЕН ОД НАС Никој подобро не ги знае проблемите на Кривопаланчани од него, бидејќи и самиот е еден од нас и тоа секогаш и во сите прилики гордо како беџ го носел и истакнувал! Ваква историска шанса можеби никогаш повеќе нема да се повтори за Крива Паланка, каде конечно имаме некој кој со душа и срце работи за својот крај.

ЗА НЕГО ЗБОРУВААТ  РЕЗУЛТАТИТЕ: Неуморен лобист кој успеа да привлече бројни проекти за Истокот, првенствено за својот роден град. Илјадници километри изградени и рехабилитирани патишта во и кон Крива Паланка, модерен плоштад, инвестиции во здравството, културно издигнување на градот кој стана пример за цела држава…

ЧОВЕК СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА ПРОГРЕС И ИНТЕГРИТЕТ: Николовски го водат принципи, а секогаш работел чесно, транспарентно, отчетно и со интегритет, ставајќи ги интересите на своите сограѓани на прво место. Човек со напредна визија за иднината на државата, особено на Крива Паланка, заснована на еднаквост, рамноправност и одржливост.

Многу политичари од Крива Паланка во своите кариери успеаја да бидат на државни функции, претседатели на високи институции, по неколку министри од двете најголеми партии, директори…но дали може сега нивните деца и внуци да дојдат во Крива Паланка и да кажат, татко ми или дедо ми, тоа и тоа го направија за своите сограѓани, НЕ. Не другари, ако бидеме искрени, никој од предходните една чешма нема направено во своите маали и села каде израснале а не пак нешто за својот град.

За разлика од нив, имаме човек кој израсна тука и секој викенд е тука, помеѓу своите, никого не заборави, напротив на секого гледа да помогне. Во канцелариите во Скопје на која позиција и да бил, немало ден а да не прими некој кривопаланчанец, да го сослуша и веднаш да звони каде и да треба за каква и да е помош. 

НЕ СМЕЕМЕ ДА ГО ИЗГУБИМЕ ЉУПЧО, НЕ СМЕЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ КРИВА ПАЛАНКА ДА ПРЕСТАНЕ ДА СЕ РАЗВИВА И ДА ОДИ НАПРЕД!

Фејсбук статус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e