Топло со температура до 27 степени, од утре дожд и грмежи

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне и во текот на ноќта ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Минималните температури денеска ќе се движат во интервал од 4 до 10 Целзиусови степени додека максималните ќе достигнат од 18 до 27 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи.

Температурата во главниот град ќе се искачи до 27 степени.

Во следните три дена под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава во попладневните часови ќе има пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер. Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Слични содржини