Политичките партии се заложија на фер и демократски процес за единаесеттите парламентарни избори

Политичките партии се заложија на фер и демократски процес за единаесеттите парламентарни избори

Политичките партии се заложија на фер и демократски процес за единаесеттите парламентарни избори кои ќе се одржат на 8 мај, а во очи на кампањата која треба да стартува утре. Меѓу партиите кои не го потпишаа кодексот беа ГРОМ, Демократи, Работничката партија… Левица, Родина, Единствена Македонија кои немаа свој претставник во Законодавниот дом.

Претседателот на Државната изборната комисија, Александар Даштевски, истакна дека овој чин претставува израз на волја да се зачува интегритетот на демократскиот процес, почитување на сите правила, закони, прописи како и почитување на владеењето на правото и правната. Партиите се обврзаа дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и нема да користат говор на омраза во предизборната кампања. Помалите политички партии алармираа за дискриминацијата во однос на распределбата на финансиските средства од Буџетот на Македонија, за рекламирање бидејќи како што алармираа, четирите најголеми партии делат девет милиони евра а сите останати партии добиле само по 8.000 евра што се премалку за сите предизборни активности, потребното рекламирање и промоцијата.

„Кодексот е потврда за демократскиот развој за нашето општество дека сите заедно се обврзуваме на принципите на демократијата. Преку потпишувањето на овој Кодекс, потписниците испраќаат порака за фер и почитување на сите правила, закони и прописи, како и почитување на владеењето на правото и правната држава при организирање на изборите“, истакна Даштевски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста