ВИДЕО: Најмалку деветмина повредени во силниот земјотрес во Јапонија

Од:

Најмалку деветмина се повредени во земјотресот со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала што доцна синоќа погоди широка област на западна Јапонија, а нема предупредување за цунами, јавија утринава јапонските медиуми.

Земјотресот во 23 часот и 14 минути по локално време беше почувствуван најсилно во префектурите Ехиме и Кочи во регионот Шикоку.

Официјални лица велат дека земјотресот бил со јапонска сеизмичка скала од нула до седум степени, што го прави најсилниот земјотрес во областа од воведувањето на сегашниот систем за мерење во 1996 година, според Јапонската метеоролошка агенција, пренесува Кјодо.

Според локалните власти и противпожарните служби, шест лица во префектурата Ехиме и едно лице во префектурата Кочи се здобиле со полесни повреди, додека двајца се повредени во префектурата Оита во регионот Кјушу во југозападна Јапонија.

Железницата соопшти дека утрово се откажани брзите возови на некои линии.

Во Сукум привремено се евакуирани 23 лица, додека водоснабдувањето во градот е прекинато поради пукање на цевки на многу локации.

Нуклеарните централи во областа се стабилни и не се забележани поголеми проблеми.

Властите повикаа на претпазливост, велејќи дека регионот најверојатно ќе биде погоден од нови потреси во текот на следната недела, јавува јапонската јавна телевизија NHK.

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер вчера во 16:14 часот ја погоди јужна Јапонија, а епицентарот на земјотресот бил каналот Бунго, теснецот што ги дели јапонските острови Кјушу и Шикоку.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 26 километри, на 17 километри од Уваџима.

Во истото подрачје само десет минути подоцна е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,3 степени, а потоа и неколку послаби, објавено е на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

Повеќе од 14.000 луѓе се без дом еден месец по земјотресот во Јапонија

Штетата од земјотресот во Јапонија би можела да достигне 16,2 милијарди евра

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Бројот на жртвите од земјотресот во Јапонија достигна 180, 120 лица се водат како исчезнати

Јапонија: Регистрирано истекување нафта во нуклеарна централа по земјотресот