Search
Бидете кралица, бидете грли поп.

Што значат „Slay“ и „Girly Pop“

Извор:Getty Images

Постојано по улиците и на интернет ги слушаме младите како изговараат некои тотално непознати зборови. Меѓу тие зборови највеќе се издвојуваат Слеј и Грли Поп. Зборот Слеј потекнува од Англискиот јазик и значи да се „убие“. Но, исто така го користат кога некој ќе изведе нешто многу добро. Реченица која Американците ја кажуваат често во позитивен контекст е „You killed it.“ – „Ја утепа.“. Младите луѓе обожуваат кратенки затоа го користат зборот Слеј во истиот контекст. Слеј звучи подивјачко, само еден слог.

Слеј и Грли Поп еволуирале до степен кај што луѓето ги користаст за на шала да наречат некого женствен.

Зборот слеј постанал мејнстрим во 2016г бидејќи Бијонсе го искористила зборот во нејзината песна „Formation“.

„Cuz I slay all day, we gon’ slay“.

Во оваа генерација зборот Слеј се користи како голем комплимент, посебно меѓу девојките и луѓе од ЛГБТ заедницата. Они слејаат🧚

Терминот Грли Поп е инспириран од Слеј. Поради звукот што го правите кога го изговарате „Поп“ делот, овој збор одлично ги опишува луѓето што не им е страв да се истакнат. Тие се розеви и рипкаат елегантно бидејќи им е родено право. „Slay“ и „Grlie PoP“го имаат делумно истото значење но, за овој термин има уште неколку детали. На интернет може да се најдат разни дефиниции, на пр: „терминот грли поп дефинира девојка која е кул, нормална и забавна и женствена. Таа е кралица која костантно слејнува и таа ги зашеметува сите со секој чекор што го прави“. Секој сака да биде и да се дружи со Грли Поп.

За сите Грли Попс и Кралици кои не се во добро расположение 💅

Најново

Последни колумни