ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Домашни и странски набљудувачи го следат денешниот изборен ден

Денеска 942 набљудувачи го следат изборниот процес на првиот круг од претседателските избори во земјава. Според списокот што го објави Државната изборна комисија, 342 набљудувачи ќе бидат од земјава, а 568 се странци. ОБСЕ/ОДИХР има најмногу акредитирани набљудувачи, поточно 372 набљудувачи на национално ниво.

Денешните избори предизвикаа интерес и кај меѓународните медиуми. Според ДИК, 32 новинари од странски медиуми ќе известуваат за напредокот на изборниот процес.

Министерството за внатрешни работи и обвинителството најавуваат дека се целосно подготвени за изборниот процес, а Бирото за јавна безбедност ја создаде Оперативната акција „Претседателски и парламентарни избори 2024 година“.

Обвинителството формираше посебна Комисија за следење на евентуални нерегуларности за време на изборите.

Во координација со институциите е и Агенцијата за национална безбедност која работи на собирање сознанија за можни неправилности.

За евентуални неправилности граѓаните можат да се обратат и до Канцеларијата на Народниот правобранител преку телефонската линија 0800 54321, која е активна од 07:00 до 19:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button