Нови детали од секс-скандалот што ја тресе Србија – полицајката се занимавала со елитна проституција

482

Во јавноста излегоа нови детали од секс-скандалот што ја тресе српската полиција, полицајката се занимавала со елитна проституција, била сигурна дека колегите нема да ја уапсат.

Сообраќајна полицајка и нејзина познаничка беа уапсени во Србија под обвинение дека се занимаваат со проституција, откако се појави експлицитна снимка на која полицајката орално задоволува колега во тоалетот на полициската станица.

Српските медиуми изнесуваат нови детали за скандалот. Порталот Курир пренесува дека чполицајката се занимавала со елитна проституција и заработувала и до 1.000 евта за ноќ. Приведена е на работното место кога и рекле да се пресоблече и да ја остави полициската униформа, а потоа со лисици на рацете спроведена е пред судија за прекрѓоци.

Полицајката и нејзината познаничка наводно се дружеле со бројни познати личности и учесници во реално шоу, а работеле заедно и една на друга ги префрлувале клиентите.

Медиумите наведуваат и дека полицајката била сигурна дека колегите нема да ја уапсат, а не се сомневала ни дека е под истрага поради дојава дека се занимава со уште една работа.

Во јавноста се појавија и информации дека колегата од МУП го изневеруивала со друг колега од друга полициска станица и дека токму тој ја направил експлицитната снимка.

Полицајката на нејзиното момчето наводно му зборувала дека има дополнителна работа која е одлично платена, а тврдела дека чисти станови во еден елитен комплекс во Белград. За да биде поубедлива во приказната, дури носела и канти и крпи, па ни момчето, ни љубовникот не знаеле дека таа се занимава со проституција.