Што се GPTs, генеративни претходно обучени трансформатори?

Генеративните претходно обучени трансформатори, или скратено GPT, се појавија како кулминација на ВИ технологијата развиена од OpenAI. Се работи за серија напредни модели за машинско учење кои го трансформираат начинот на кој комуницираме со јазичните модели. Она што не интересира конкретно се GPTs како дел од ChatGPT.

Да започнеме со две најзначајни прашања:

  • Како можете да користите GPTs? – треба да се претплатите на ChatGPT Pro (недостаток)
  • Што можат GPTs? – Моделите се користат како помош за пишување, како чет-ботови, за создавање едукативни содржини, како помош во програмирање, за генерирање слики, креативност, уметност и многу повеќе! (предност)

Историја и еволуција

Еволуцијата на GPT започна во 2018 година кога OpenAI го објави првиот модел од серијата, GPT-1. Овој модел беше способен да генерира кохерентен и контекстуално релевантен текст, но имаше свои ограничувања. Последователните верзии, GPT-2, 3 и 4 покажаа огромни подобрувања и во обем и во перформанси.

Што се GPTs (во рамките на ChatGPT)

GPTs (Генеративни претходно обучени трансформатори) во ChatGPT Plus се приспособени верзии на ChatGPT кои можете да ги креирате за одредена цел. Тие ви дозволуваат да комбинирате инструкции, дополнително знаење и каква било комбинација на вештини.

За што може да ги користите?

GPT може да ви помогне да ги научите правилата за која било игра на табла, да ги научите вашите деца математика или да дизајнирате налепници. Можете лесно да изградите сопствен GPT – не е потребно кодирање. Можете да ги направите за себе, само за внатрешна употреба на вашата компанија или за секого.

Колку е комплицирана употребата?

Создавањето GPT е исто толку лесно како да разговарате, да давате инструкции и дополнително знаење и да изберете што може да прави, како пребарување на интернет, правење слики или анализа на податоци. Примерите на GPT се достапни за корисниците на ChatGPT Plus и Enterprise да ги испробаат, вклучувајќи ги Canva и Zapier AI Actions.

Неколку примери

  • DALL·E: Овој GPT има способност да создава слики според ваши наредби. Можете да внесете опис, а DALL·E ќе генерира слика за вас. Можете исто така да поставите своја сопствена слика и да дадете дополнителни упатства за нејзино менување.
  • Hot Mods: Овој GPT ви овозможува да ги зачините вашите слики. Може да поставите слика и да дозволите Hot Mods GPT да ја измени за да одговара на вашите идеи.
  • Sous Chef: Овој GPT може да предложи рецепти засновани на вашата омилена храна и достапни состојки. Можете да аплоадирате слика од содржината на вашиот фрижидер и да побарате рецепт од достапните производи!
  • Советник за техничка поддршка: Овој GPT е подготвен да се справи со сите прашања поврзани со технологијата што може да ги сретнете.
  • Ментор по математика: Овој GPT е вешт во решавањето на математичките проблеми со кои може да се сретнете.

Иднината на GPTs

Иднината на GPT изгледа ветувачка, со тековни истражувања насочени кон решавање на нивните недостатоци. Се чини дека употребата на GPTs е речиси неограничена. Лично би сакале да видиме повеќе бесплатни верзии на овие производи, а веруваме дека наскоро ќе се појават такви и на huggingface spaces (ако веќе не се таму!)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *