Поврзете се со нас

Англија

Брајтон се подготвува за продажба на Кукуреља во Сити, носи играч на Ајакс

Објавено

на

Англискиот фудбалски клуб, Брајтон, ја разгледува опцијата да го ангажира фудбалерот на Ајакс и редовен аргентински репрезентативец, Николас Таљиафико.

Аргентинецот веќе извесен период бара да си замине од Ајакс, а тоа веројатно и ќе се случи ова лето.

Таљиафико едно време се поврзуваше со Барселона, но сега веројатно нема да дојде до реализација на таков трансфер, па играчот ќе бара друго решение за продолжување на кариерата.

Освен Брајтон, интерес за Таљиафико има и од Лион кој остана со „кратки ракави“ во трката по Тајрел Маласија кој кариерата ја продолжува во Манчестер Јунајтед.

Играчот наскоро ќе донесе одлука каде би ја продолжил својата кариера, но се верува дека Брајтон е најреална опција со оглед на фактот што клубот ќе остане без Кукуреља кој кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни