Поврзи се со нас

Вести

Се чита со душа-Светски ден на поезијата

Објавено

на

Светскиот ден на поезијата се одбележува на 21 март и бил прогласен од УНЕСКО (Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации) во 1999 година, „со цел да се поддржи јазичната разновидност преку поетско изразување и да се зголеми можноста да се чујат загрозените јазици“.

Негова цел е да го промовира читањето, пишувањето, објавувањето и предавањето поезија низ целиот свет и, како што се вели во оригиналната декларација на УНЕСКО, „да им даде свежо признание и поттик на националните, регионалните и меѓународните поетски движења“.

За поезијата важи дека е уникатен начин на експресија на креативниот дух на човековиот ум. Уживајте во стиховите извезени од врвни македонски поетски пера!

 

СЕ ВРАЌАВ ДОМА-Михаил Ренџов

Се враќав дома

по пат од раскопки и чакал,

а пo мене се враќаа

моите ситни нешта:

Камчето со кое некогаш ме удрија

Капката крв што ми потече од носот

Плодовите што ноќе ги крадев

Шумата во која

Птицата ми се сокри

(По некоја заборавена песна)

Гревовите што ги правев

бранејќи се себе

Ангелот што го заборавив

карајќи се со пријателите

И животот што го испуштив

зјапнат во којзнае што

и којзнае каде.

Една ноќ

сите мои ситни нешта

беа дома

сал мене ме немаше.

Сум се изгубил, велат

зјапнат во којзнае што

и којзнае каде.

 

СУША-Радован Павловски

Наведнат до скршување добитокот

силно рика за секој изгубен рог

Небото не слуша

Нанижани во круг птиците

имаат тврдо летање во воздухот

Ние имаме отворени дланки за молитва

Часовникот им ја бележи

горештинитена тревите

Ветерот одвај донесува две три капки дожд

Распукани и раскрвавени нозете

се можат да убијат по патот

Мравките обележувајќи црн конец

се закопуваат длабоко

Започнува да паѓа задоцнетиот дожд

Ние имаме отворени куќи за поплава

Телото во водата ме боли округло

Не лета во воздухот мојата отепана птица

Можам да го отворам прозорецот

и да викам до лудило.

 

ЗБОР ТЕМЈАН-Светлана Христова Јоциќ

Темјанот од збор сотворен

силен пламен искрева

чад над ѕидој извива.

Темјанот од збор е бесмртен.

Ни едно зло в куќи не влегува

ни едно зло в стишна одаа

кај што срцето

зборот Темјан го прибира.

 

БРЗ Е ВЕКОТ-Никола Маџиров

Брз е векот. Да бев ветер,

ќе ги лупев корите на дрвјата

и фасадите на периферните згради.

 

Да бев злато, ќе ме криеја во подруми,

во ровлива земја и меѓу скршени играчки,

ќе ме заборавеа татковците, а нивните синови

трајно ќе ме паметеа.

 

Да бев куче, немаше да ми биде страв

од бегалци, да бев месечина немаше

да се плашам од смртни казни.

 

Да бев ѕиден часовник

ќе ги криев пукнатините на ѕидот.

 

Брз е векот. Ги преживуваме слабите земјотреси

гледајќи кон небото, а не кон земјата.

Ги отвораме прозорците за да влезе воздух

од местата каде што никогаш не сме биле.

Војни не постојат, зашто секој ден некој

го ранува нашето срце. Брз е векот.

 

Побрз од зборот.

Да бев мртов, сите ќе ми веруваа

кога молчам.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 10 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 12 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 17 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 18 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 19 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 21 час

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 22 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 2 дена

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена