Преживеа и насилство и смрт на синот: Тина Тарнер наполни 83 години

тина тарнер
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Кралицата на рокенролот, Тина Тарнер, вчера наполни 83 години. На музиката ѝ даде голем дел од животот, а животот воопшто не ја галел. Колку е поголема славата што ја доживеала, толку се поголеми трагедиите со кои се соочувала, ако воопшто може да се разликуваат мали и големи трагедии.

Музичката легенда освен што има неверојатни вокални способности, поседува енергија со која зрачи секогаш кога ќе застане на сцената. Иако секогаш е насмеана, Тина претрпела многу непријатности во животот.

Фото: Профимедиа

Тина била жртва на злоставување од страна на поранешниот сопруг Ајк Тарнер, со кого била во брак од 1962 до 1978 година.

На 18-годишна возраст, Тина го запознала Ајк Тарнер, кој ѝ дозволил да започне да пее како придружен вокал во неговата група, а набрзо станала и главен пејачка. Во 1962 година, Ајк и Тина се венчаа во Мексико и започнаа речиси вртоглаво искачување.

Првиот хит „River Deep, Mountain High“ ги искачил високо на топ листите. Но нивната соработка не била идеална.

Ајк почнал да ја малтретира Тина секојдневно и многу често таа завршувала со крв и модринки.

„Ѝ удирав шлаканици на Тина. Без причина ја турнував на земја. Но не ја тепав баш толку како што кажува таа“, признал Ајк.

Фото: Профимедиа

Додека биле на заедничка турнеја во Далас, Ајк ја претепал. Таа чекала тој да заспие, а потоа ставила очила за да ги скрие модринките и побегнала со 36 центи во џебот. Се скрила во блискиот мотел и со помош на адвокатот и неговите пријатели отишла во Лос Анџелес. Ајк тогаш изјавил: „Може да добие сè, само моето име – не!“. Во 2007 година Ајк Тарнер починал од предозираност со кокаин.

Тина никогаш не ги заборавила деновите кога била во буквална смисла на зборот измачувана. Во 1985 година се запознала со музичкиот продуцент Ервин Бах, со кого се регистрирале во 2013 година.

Тина не се плаши од годините и продолжува напред. Пред неколку години изјави: „Педесетите се нови триесетти, а седумдесеттите нови педесетти. Нема правила дека годините ти диктираат како да се облечеш или како да се однесуваш. Престара сум да слушам како и што треба да направам. Сакам сега и тука“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)


Пред три години животот ѝ приреди уште еден болен момент – смртта на нејзиниот син Крег. Тина за себе вели дека е силна жена која го преживеала разводот, но не допуштила тоа да ја скрши и покрај сите животни катастрофи.

Музичката дива во декември 2016 година, беше речиси на смртна постела, бидејќи нејзините бубрези работеа со само 20 процентен капацитет, поради што итно ѝ беше неопходна трансплантација.

Тина имала само две опции или дијализа или трансплантација, а тогаш нејзиниот сегашен сопруг, германскиот музички директор Ервин Бах одлучил да ѝ го спаси животот.

Тој ѝ го подари својот бубрег и така ја одигра најважната улога во тоа таа денес да живее нормално.

Тина Тарнер наполни 80 години: Престара сум да слушам како и што треба да правам. Сакам сега и тука! (ФОТО)

 

Сопругот ѝ го подари својот бубрег: Тина Тарнер денес живее нормален живот благодарение на него

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот