Top Sport

(Видео) Жестока тепачка на натпревар на јуниорски екипи во Белград

Скандалозна тепачка, во Белград, го одбележа натпреварот помеѓу јуниорите на КК Реал и КК Визура.

Во конфликтот учествувал и тренерот на Реал, Милан Гуровиќ, кој без маица влегол на теренот за да ги раздвои „завојуваните“ страни, а потоа и тој се вклучил во тепачката.

Се уште не е познато што ја предизвикало ситуацијата, која брзо ескалирала, а потоа во центарот на скандалот се најде Гуровиќ.

Поранешниот светски првак од никаде влета на теренот без маица, на почетокот ги раздвојувал играчите и луѓето кои во тој момент биле на теренот, но се чини дека потоа и поранешната кошаркарска ѕвезда влезе во конфликт со некого.

Инаку, ова беше натпревар на завршниот турнир од јуниорската лига, одигран во СЦ „Милан Гуровиќ“.

Реал на Гуровиќ ја победи Визура со 74:73, а по мечот дојде до масовна тепачка.

Scroll to Top