Search

Клинци #3 – младинско книжевно читање и изложба

Во организација на Europe House Skopje, ќе се одржи третото издание на Клиници на 10 мај со почеток во 20 часот.

Некои ќе речат, а можеби и ќе викнат, гордо ќе кажат „Тапа се денес младиве.“

„Инспирирани, испровоцирани, поттикнати од таквите мудри изреки, почнуваме со еден нов концепт на книжевни читања наречен „Клинци“. Секое издание ве запознаваме со четворица автори и авторки кои се дел од младинската книжевна сцена, ве запознаваме со нивната поезија и проза, а секое издание ќе биде дополнето и со изложба!“, велат учесниците.

Овојпат на „Клинци“ ќе читаат:
Ивана Јовановска
Моника Стојановска
Саранда Мехмеди
Софија Добревска

🔹Своја изложба ќе има фотографката Валентина Миладинова

🔹Модератор на настанот ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски

„Ве очекуваме сите млади, но и повозрасни, клинци и неклинци – повелете!“, стои најдолу во објавата на настанот.

Најново

Последни колумни