Најголемата вулканска ерупција во историјата уништила сé пред себе | Видео

1371

Најголемата вулканска ерупција во историјата се случила пред 7300 години.

Исфрлила двојно повеќе карпи и пепел од познатата ерупција на индонезискиот планински вулкан Тамбора во 1815 година. Разорниот настан, познат како ерупција Kikai-Akahoya, се случил јужно од јапонскиот остров Кјушу, каде филипинската тектонска плоча се лизга под евроазиската тектонска плоча.

Иако научниците веќе биле запознаени со оваа вулканска ерупција, новото истражување ја открива нејзината рекордна големина и ја утврди како најголема ерупција во сегашната геолошка ера.

Новото истражување на јапонските научници открива дека подморскиот вулкан Kikai имал три големи ерупции во последните 140.000 години, од кои последната била пред 7.300 години.

Пред ова истражување, на научниците им било тешко да ја одредат големината на ерупцијата и што ја предизвикало, поради предизвикот за пристап до подводниот вулкан.

Огромен волумен на материјал

Истражувачите собрале сеизмички податоци за да создадат детална мапа на морското дно околу вулканот. Мапата открива огромни подводни наслаги, од кои тимот зел примероци со дупчење во морското дно на неколку локации користејќи роботи на далечински управувач и вадење на седиментни јадра.

Седиментите донесени на површината откриле слој кој покрива 4.500 km³ со вулканско стакло што одговара на составот и времето на ерупцијата Kikai-Akahoya. Научниците ги комбинирале овие наоди со постоечките проценки на вулканските одпадоци од копно.

Тие утврдиле дека мегаерупцијата исфрлила вкупен волумен на материјал од 332 до 457 km³, што, на пример, е доволно за двапати да се наполни езерото Тахо во западниот дел на САД.

Најголемата ерупција во Холоценот

Новата проценка значи дека ерупцијата Kikai-Akahoya е „веројатно најголемата ерупција на Холоценот“, напишале истражувачите во студијата. Холоценот е геолошки период кој започнал пред околу 12.000 години кога завршило последното ледено доба.

„Нивниот заклучок дека тоа е најголемата ерупција на холоценот е точен. А минојската ерупција била предложена како најголема ерупција на холоценот, но сега се знае дека не е баш така“, заклучува вулканологот Tim Druitt од University of Clermont Auvergne (France).

Сепак, дури и ерупцијата Kikai-Akahoya е бледа во споредба со уште подревните ерупции, како што е катаклизмичната експлозија на супервулканот Тоба на Суматра пред 74.000 години, која исфрлила околу 5.000 km³ магма.