Хенри Кавил станува татко: Која е избраничката на најпосакуваниот холивудски ерген?/ФОТО

219
EPA-EFE/WILL OLIVER

Хенри Кавил, најпознат по улогата на „Супермен“ (40) за прв пат ќе стане татко. Најпосакуваниот холивудски ерген и неговата девојка Натали Вискузо ја потврдија ја потврдија веста за „Access Hollywood“ на премиерата на „Ministry of Ungentlemanly Warfare“ на 15 април.

Јас и Натали сме многу, многу возбудени“, нагласи тој и рече дека родителите го инспирирале да стане татко. Среќната двојка потоа се прошета низ Њујорк, додека Натали премиерно го претстави трудничкиот стомак во тесен црн фустан.

Двојката ја потврди врската во април 2021 година, но тие не се појавуваат често во јавноста. И додека некои го поддржуваат неговиот избор и сметаат дека е освежувачки што е во врска со обична девојка од соседството, другите коментари се безмилосни како и обично на мрежата. „Мојот маж со некоја девојка, таков е животот“, „Таа е миленичка на боговите??!“ се дел од поблагите коментари под сликата на Инстаграм.

Која е Натали Вискузо?
Поминаа повеќе од шеснаесет години откако таа се појави во емисијата „My sweet 16“ на MTV. Нејзиниот шеснаесетти роденден беше прикажан со описот: „На само шестнаесет години, Натали живее во куќа вредна пет милиони долари и се вози низ градот со Бентли и Ферари на нејзиниот татко. Што повеќе може да посака?“

Па, штотуку го добивме одговорот на ова прашање – врската со Кавил.