Студениот бран се спушта кон Македонија, следуваат пониски температури

0
172

Поларниот вртлог од север во најголем дел од Европскиот Континент условува снег и многу ниски температури. Минусни температури има и во регионот….Студениот бран се спушта кон Македонија и во следните часови значително ќе ги спушти температурите, што значи дека пред нас е значително постудена седмица, а особено од вторник ќе има и локални врнежи од дожд и снег, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои од повисоките населени места (што значи дека снежната граница би можела да се спушти и под 1000 метри надморска височина), пишува во најновата објава метеопрогнозерот Славчо Попоски.