„ПРЕСВРТНИЦА: Цивил за изборите 2024“ е наслов на панел дискусијата што ЦИВИЛ ја одржа неполни три часа по завршувањето на изборниот ден на Претседателските и Парламентарните избори во Северна Македонија.
Во дискусијата учествуваа Зоран Иванов, Дијана Тахири, Дехран Муратов и Џабир Дерала, а се емитуваше во живо на Фејсбук страницата и видео каналот ЈуТуб.
Со оваа дискусија, неуморниот тим на ЦИВИЛ го заокружи изборниот мониторинг и серијата прес конференции на кои ја информираше јавноста за текот на изборниот ден, како и за регистрираните изборни нерегуларности од мобилните набљудувачи распоредени низ целата земја.
Камери: Атанас Петровски
Реализација: Ариан Мехмети