Елмас го пропушта дуелот со Хофенхајм

Елиф Елмас воопшто нема да биде во составот на Лајпциг за денешното гостување против Хофенхајм, откако македонскиот репрезентативец во последните денови воопшто не тренирал поради болест.

Информацијата ја потврди тренерот Марко Розе, од кого се очекуваше по обезбедниот пласман во ЛШ на последните натпревари да им даде нешто поголема минутажа на Елмас и на оние играчи кои добиваа премалку шанса во иминатите месеци.

„Елиф е аут, тој нема да може да ни помогне бидејќи е болен. Нема да подарувам минутажа никому, но секако дека имаме играчи во тимот кои немаа преголема минутажа, а кои сега ќе имаат можност да ги покажат своите квалитети“, изјави Розе.

Елмас минатото коло беше на клупата, но воопшто не доби шанса да влезе во игра, а претходно на речиси сите натпревари добиваше премала минутажа за да ги покаже своите квалитети по трансферот од Наполи.

Се вчитува...