Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти ги потврди лошите вести: Не знаеме дали ќе може да игра во финалето

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Шпанските медиуми пренесоа дека Орелијан Чуамени се повреди на натпреварот против Баерн и дека поради тоа бил повлечен од игра, информации кои за жал ги потврди и најодговорниот човек во стручниот штаб на „кралевите“.

Карло Анчелоти денеска им призна на новинарите дека Чуамени заработи незгодна повреда на стапалото и дека претрпениот удар е посериозен, па не се знае дали ќе биде подготвен за настап за три недели.

Анчелоти најави ротации на преостанатите натпревари во Ла Лига до крајот на сезоната и посочи дека ќе ги поштеди најголемите ѕвезди, се со цел да се избегне некоја непосакувана повреда како онаа на Чуамени кој обично е стартер во неговиот тим.

– Не чекаат натпревари до крајот на сезоната и ќе го почитуваме секој противник. Имаме натпревари до финалето и тоа ќе ни помогне да се подготвиме на посакуван начин.

– Ќе има ротации, но сите ќе добијат шанса за да дојдат до главниот меч во посакувана форма. Исто така, мора да има и одмор, па така ќе има доста ротации. Минавме напорене период и неколку играчи ќе добијат одмор. Што се однесува до Чуамени, постои сомнеж дали ќе може да стигне навреме за финалето. Најважно е да се опорави најдобро што може, не знаеме дали ќе може да игра во финалето. На наредните неколку меча ќе игра Милитао, а секако и Куртоа. Планот ми е шанса да добие и Кепа кој е многу важен за тимот од клупата за резерви. Мислам дека заслужува такво нешто, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни