Проблем за Атаман: Панатинаикос без Хернангомез по „брејк“ во Белград

Панатинаикос ќе мора да слави на гостувањето во Белгард против Макаби Тел Авив доколку сака да се најде на „фајнал-фур“ турнирот на Евролигата со оглед на „брејкот“ на Израелците во првиот натпревар од четвртфиналната серија.

Но, успех во главниот град на Србија тимот предводен од Ергин Атаман ќе мора да направи без шпанскиот репрезентативец Хуанчо Хернангомез кој заработи повреда на потколеницата во првиот натпревар од серијата.

Шпанецот се вратил во татковината каде ја санира повредата и нема да биде достапен за двата дуели кои ќе бидат одиграни на 30. април и 2. мај во главниот град на Србија.

Се вчитува...