| | |

(Видео) Перев: Не верувам дека Силјановска Давкова ќе направи позитивен чекор кон Бугарија

Соработникот и редовен колумнист на порталот „Трибуна“, Владимир Перев, беше гостин во утринската програма на бугарската телевизија BgOnAir и заедно со проф. д-р Христо Матанов ги коментираше резултатите од изборите што се одржаа вчера во РС Македонија.

Според Перев, зборовите на победничката на претседателските избори проф. д-р Гордана Силјановска Давкова не покажуваат никакви конкретни намери.

,, Не верувам дека таа ќе направи позитивен чекор кон Бугарија. Можно е да ја посети Бугарија со цел да изврши притисок кон бугарските институции за тие да најдат разбирање за ситуацијата во Македонија “, изјави Перев.

Слични Објави