Дешамп по победата над Чиле: Нема да скокам од радост

Француската репрезентација одлично реагираше и по поразот од Германија во Лион, синоќа во Марсеј ја совлада Колумбија со 3-2. Иако губеа, Французите стигнаа до предност од 3-1, која на крајот беше намалена.

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп истакна задоволство од победата на својата селекција, но кажа дека нема да скока од радост поради овој триумф.

„Сигурно нема да скокам од радост, но да се победи натпревар после поразот од Германија е добро. Реагиравме вистински. Ова се должи и на физичката подготвеност на играчите. Не ги потценуваме овие натпревари, но во јуни ќе мораме да ги правиме работите поинаку. Сега свежината не беше на максимално ниво. Ги разбирам играчите, не дека тие не сакаат, но тоа е повеќе приказна за преземање на ризици. Им кажав на фудбалерите дека во јуни ќе мора да играат подобро“, рече Дешамп.

Се вчитува...