Мо Салах ја продолжи фантастичната форма и на натпреварот против Вест Хем Јунајтед на кој постигна гол и забележа две асистенции во убедливиот триумф на својот клуб во Лондон.
Договорот на Египјанецот со Ливерпул истекува на крајот на сезоната, а како што откри самиот, преговорите за продолжување на соработката немаат напредок.
„Многу сум далеку од продолжување на соработката. Не знам да започнам гласини со своите изјави, но нема никаков напредок во преговорите. Моментално сум само насочен на играта и како да му помогнам на клубот да ја освои Премиерлигата“, изјави Салах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА