Поранешниот шампион во бокс, Дејвид Хеј, е ненаситен кога се жените во прашање. Иако долго време е во врска со една девојка, се обидува да најде друга, а во минатото знаеше да биде и со повеќе од три девојки истовремено. И сето тоа јавно, без никакво криење.

Хеј моментално е во врска со Сијан Оборе, која, очигледно, не му е доволна. Постојано бара нови девојки, па така сега објави оглас за згодни девојки, на веб-страница. Но, ги предупреди потенцијалните партнерки.

  • Јас сум себичен, никогаш ништо не ми е доволно добро, секогаш сакам повеќе, ретко сум задоволен. Имам многу длабоко вкоренети демони, кои ме јадат однатре, манифестирајќи се со одвратно шокантни чинови. Да не ви кажувам сè за да не го расипеме изненадувањето – се вели, меѓу другото, во огласот на боксерот.

Но, тој не застана тука.

  • Сакам позитивна енергија, здравје, благосостојба, патување на убави локации, гледање изгрејсонце, зајдисонце и поврзување со девојки што имаат исто мислење како мене – додаде Хеј во огласот.

Уникатната динамика на Дејвид со девојката Сијан (32) беше откриена во 2023 година, кога отидоа на одмор со пејачката Уна Хили. Тој, исто така, беше поврзуван и со актерката Хелен Фланаган (33).

Уна минатата година излезе од врската со Дејвид и неговата девојка, велејќи дека нему никогаш нема да му биде доволна една жена.

  • Кога го запознав, беше искрен и рече дека не сум единствената девојка со која се гледа. Бев свесна дека се гледа и со други. Беше јасно дека не му бев единствена девојка. Тој ми беше момче мене, а и на неа. Разбрав дека тоа не сум јас, па го напуштив љубовниот круг. Едноставно, никогаш нема да му биде доволно – изјави своевремено Уна.