ЕкономијаНовостиСветот на работникот

Најдобро платени „мини работи“ во Германија – Можете да заработите и до 30 евра на час

   Време за читање 3 минути

Ако работите во Германија правилото е јасно – што поголема саатнина, помалку морате да работите. Истиот принцип важи и за мини работите, односно „mini jobs“.

Лицата кои работат мини работи најчесто имаат минимална саатнина. На пример, ако сакате да работите како келнерка или келнер, можете да очекувате саатнина од 12 евра, без бакшиш.

Значи, за да заработите 520 евра месечнo, морате да работите 43 часа месечно. Затоа е подобро да се најде работа од која ќе можете побрзо да ги заработите овие 520 евра.

Кои мини работи се најдобро платени?

Но, како да се пронајде мини работа која е навистина многу добро платена? Специјализираните германски медиуми ги споредиле бруто саатнините и ги навеле најдобро платените мини работи. Овие се првите пет:

Како статист или спореден актер, преземате помала улога на филм, телевизија, театар или во реклама и во просек заработувате 29 евра. За 520 евра месечно не морате да работите повеќе од 18 часа во еден месец.

Предавач: Распространета и добро платена професија во која можете да сметате на 28 евра по час. Секако, предуслов е да имате обемна стручност за предметот кој го предавате. Тука се доволни само 19 часа месечно, за да останете во границите на мини работата.

Промотер: Јавно ги рекламирате производите на некоја компанија или организација. Ако не се плашите да им пријдете на странци и да стоите зад рекламираниот производ, тука можете да заработите во просек 23 евра, а за 520 евра морате да работите само 23 часа месечно.

„Истражување: До 2023, за 60 % од професиите нема да биде потребен факултет“.

Гардеробер: Се грижете за гардеробата на актерите и им помагате при облекување во луксузни бутици. Овде може да се заработи околу 21 евро по час. Значи – работете 25 часа месечно ако сакате ова да го работите како мини работа.  

Преведувач: Како преведувач можете, на пример, да преземете работа по нарачка и обично многу работите од дома. Предуслов е добро да владеете еден или повеќе странски јазици. Ако е тоа случај, во просек можете да заработите 21 евро и морате да работите 25 часа месечно за 520 евра.

Ако сакате да бидете на отворено, можете да работите како туристички водич. Тие ги водат туристите низ градот и ги информираат за знаменитостите и историјата на истиот. За тоа можете да очекувате саатнина од 26 евра, а за да заработите 520 евра месечно, потребно е да работите 26 часа.

Пред да се пријавите за работа од 520 евра, прво би требало да ги издвоите предностите и недостатоците на избраната работа, препорачува Феникс Магазин.

Ако сакате да работите на мир, можете, на пример, да работите во пошта. Тука ја сортирате поштата и ја подготвувате за испраќање до Дојче пошта или други компании. Тие во просек плаќаат 16 евра по час, па ќе треба да работите 33 часа месечно за да заработите 520 евра.

Извор: BIZlife.rs

Фото: Unsplash

 

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, кариера и човечки ресурси