Поврзете се со нас

Свет

Димитриевски броеше до единаесет, Димитриоски без грешка: Македонското дуо му донесе победа на Валјадолид

Објавено

на

foto:www.atleticovalladolid.es/

Тимот на Валјадолид славеше над Торелавега (33:32) во АСОБАЛ лигата, а за тоа најзаслужени беа македонските интернационалци  Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски.

Нашите асови блескаа на денешниот меч и дадоа скоро половина од головите за домаќинот за кого ова беше прва лигашка победа во 2023 година. Димитриевски беше автор на дури единаесет погодоци, додека крилото Димитриоски одигра перфектен меч со 4 голови од исто толку обиди.

Кога е во прашање Валјадолид квалитетна партија имаше и голманот Перез со 14 одбрани.

Со вкупно 15 бода тимот на Македонците се наоѓа на 14 позиција со 15 бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни