Чави: Ако сега не сум горд, кога да бидам?

Барселона синоќа со 3:2 го совлада ПСЖ на „Паркот на принцовите“ во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите и направи голем исчекор кон пласманот во полуфиналето.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, кој неодамна изјави дека си заминува на крајот од сезоната, вели дека е горд на своите фудбалери.

„Ако сега не сум горд, кога да бидам? Мислам дека ПСЖ останува фаворит во двомечот, но нашите шанси се зголемија. Одигравме одлично на тактички план. Добро го чувавме Килијан Мбапе, а во исто време и создадовме многу шанси. Завршивме половина од работата, идната недела не чека реванш против еден од најдобрите тимови на светот“, изјави Чави.

Чави синоќа уште еднаш покажа дека не се плаши да им даде шанса на најмладите и Барселона во дуелот со ПСЖ ги имаше двајцата најмлади стартери во четвртфиналињата во ЛШ, Ламин Јамал со 16 години и 272 дена и Пау Кубарди со 17 години и 79 дена.

- Оглас -

Најнови вести