Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски: На следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, тоа го знаат и Ковачевски и Ахмети

(Видео) Мицкоски: Мега инвестиции во Велес од 200 милиони денари, по повеќе децении градот ќе добие современ затворен пазар
Ss2

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави победа на партијата на следните избори, што како што рече, ќе дојдат многу скоро.

dobivaj vesti na viber

„ Mногу скоро од денеска ќе имаме можност. Ќе имаме можност, ќе дојдат изборите, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Бидете сигурни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Никој веќе нема дилема, дури и Ковачевски да го прашате и Али Ахмети и тие ќе ви го дадат тој одговор. Барем едно е константна, кога и да се случат изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Прашањето е дали ќе бидат 55, 58, 60, 62 пратеника. Само тоа е дилемата, друго верувајте дека нема да има дилема.

300x250 (7)

Народот е мотивиран и народот сака да го види ВМРО-ДПМНЕ. И знаете што ми велат луѓето кога ме среќаваат, еве изминатиов месец беше месец полн со празници, со слави, и често пати кога одев на тие слави без разлика дали беа организирани во градски, или во рурални средини, луѓето велеа ова е последната шанса. Значи ВМРО-ДПМНЕ е последната шанса. Вие сте последната шанса“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека таа шанси значи многу работа, многу откажувања, многу мака, многу труд, многу храброст, многу одлучност, за да се обидеме да ја доведеме Македонија на некое пристојно место.

„ Нема да биде лесно. Но, знам едно дека секој кој што ќе биде надвор од оваа рамка, секој оној кој што ќе ја изневери довербата на граѓаните, а е дел од нас, ќе биде веднаш санкциониран и отстранет од структурата од која што ја добила таа шанса. Затоа што образот нема цена, а достоинството на нашите сограѓани, нашиот македонски народ нема цена, не смееме да ги разочараме“, заклучи Мицкоски.

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски: СДСМ и ДУИ имаа две сценарија

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија 

Ковачевски: СДСМ секогаш била рамо до рамо со граѓаните