• петок, 26 април 2024

ДИК спроведе ждрепка за распределба на локации на рекламни паноа и билброди за изборите

ДИК спроведе ждрепка за распределба на локации на рекламни паноа и билброди за изборите

Скопје, 27 март 2024 (МИА) – Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги прифати барањата за акредитацијата на набљудувачи на претстојните претседателски и парламентарни избори во државава поднесени од Меѓународната организација за изборни системи ИФЕС и Набљудувачката мисија на ОБСЕ. Членовите на ДИК на седницата констатираа дека за барањата од ИФЕС и ОБСЕ се исполнети условите согласно Изборниот законик. 

ДИК на седницата спроведе ждрепка за распределба на локации на рекламни паноа и билброди врз основа на член 78 а од Изборниот законик за партиите на власт,  во опозиција, без пратеничка група и за вонпарламентарни партии.

На седницата беа прифатени барања за изземање на лица од ангажман во општински изборни комисии, кои приложиле образложение со соодветна документација, или пак во нивно име тоа го побарале институции и изврши избор на други лица за претседател, заменик претседател и член на општински изборни комисии

Седницата ќе  продолжи во 13:30 часот со расправа по Предлог упатството за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот. На дневен ред се и Предлог упатство за начинот и постапката за чување, обработка и бришење на податоците од отпечатоци од прсти од електронскиот избирачки список. Предлог упатството за начинот на именување на членови на изборички одбори по предлог на политичките партии за изборите за претседател и пратеници, измена на регистарот на радиодифузери и печатени медиуми за избор на претседател и пратеници и други точки. лв/бак/ 

Фото: МИА архива, принтскрин

Остани поврзан