Омилениот пијалок за сите сезони: Рецепт за кремаст коктел што мириса на кокос, кафе и рум

Точка

24/11/2022

21:25

11.803

Големина на фонт

а а а

Ако барате микс од White Russian и Piña colada на менито за коктели или ако сакате „засилен“ милкшејк, патот ќе ве одведе до Bushwacker, пијалок кој потекнува од Американските Девствени Острови.

Слаткиот и кремаст пијалок без цитрус ги спојува румот, кокосот и кафете со млеко и е омилен без разлика на времето или годишното време.

Создаден е во 1975 година во бар на Девствените острови, а името го добил по кучето кое ги придружувало гостите. За подготовка на коктелот можете да користите кој било ликер од кафе и бел или темен рум, но постарите се повкусни поради фините ароми.


Можете да го направите сами така што во тенџере ќе загреете 400 мл. полномасно кокосово млеко, 150 гр. шеќер и прстофат сол. Загрејте и мешајте додека шеќерот не се раствори. Оладете го и ставете го во фрижидер до седум дена или замрзнете.

Состојки за коктелот Bushwacker:

- 60 мл. рум;
- 60 мл. Кахлуа;
- 60 мл. крем од какао;
- 60 мл. крем од кокос;
- 60 мл. млеко;
- 3 чаши мраз.


За декорација: шлаг, рендано морско оревче, чоколаден сируп или рендано чоколадо (по желба).

Подготовка на коктелот Bushwacker:

Сите состојки ставете ги во шејкер и добро протресете.

Истурете во чаши и декорирајте по желба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг