Шевченко воведува полиграф за судии во украинското првенство

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Украина, Андреј Шевченко најави дека ќе се воведе нова технологија во првенството за контрола на судиите.

Суштинскиот проблем се нечесните делители на правдата, поради што изминатиов период имаше промени во судиската комисија на чие чело застана интернационалната судијка Екатерина Монзул, на местото на Лучано Лучиј.

„Ќе воведеме задолжително полиграфско тестирање на судиите, како и ждрепка за судење на натпреварите за да ја вратиме довербата во нашите судии. Полиграфот е проверена техника, заштита  и за самите судии. Кога успешно ќе го минат детекторот, ќе се чувствуваат помирно и нема да мора да докажуваат дека немале врска со било какви сомнителни ситуации. Комуницирам со многу специјалисти и знам дека детектори за лага користат и многу приватни компании. Па, зошто тогаш не и ние во фудбалот“ – вели Шевченко, кој се огради од тестирање на тренери и фудбалери.

„Моја одговорност се судиите, а за прашањето за фудбалери и тренери нека одлучат челниците на клубовите“.

Се вчитува...