Македонија

До 9 часот гласале над 20 илјади граѓани

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во своето прво обраќање информира дека гласањето утринава се одвива непречено, се гласа на 1.480 гласачки места во 80 општини, а право на глас имаат вкупно 1.814.317 граѓани.

Од нив до 9 часот гласале 25.744 гласачи, па според тоа излезноста на првиот круг претседателски избори до овој пресек е 3,85% .

Даштевски рече и дека до сега до нив стигнале 12 приговори за заштита на личното избирачко право, односно од лица кои не можеле да се пронајдат во избирачкиот список.

На почеток