Во прв ред

Со голем концерт во арпил во Скопје ни доаѓа словенечкиот хор „Перпетум Џезиле”

Како што дознава музичкиот портал Музика24, на 5-ти април словенечкиот хор „Перпетум џезиле“ ќе одржи концерт во Македонската филхармонијата. Хорот кој брои 47 членови и има настапувано низ цела Европа е основан во 2006 година.

Акапела составот е добитник на бројни награди. Во 2006 го издаде албумот „Чудна ноќ“ под етикетата на „Далас рекордс“ и ја доби словенечката музичка награда „Виктор“ за 2011. Нивната изведба на песната „Африка“ од „Тото“ има 23 милиони прегледи на Јутјуб.

Пеат и преработки на хитови од „АББА“, Мајкл Џексон, „Квин“, „Нирвана“, а се нарекуваат вокален оркестар затоа што со гласовите умешно имитираат музички инструменти.

Продуцент на скопскиот концерт е Томислав Кашљевиќ од Загреб.

Можеби ќе ве интересира: