Миовски е суво злато за Абердин, со два гола го разбуди шкотскиот гигант и го израдува и Сер Алекс Фергусон

Бојан Миовски повторно е во ритам и ги тресе мрежите за Абердин, а денеска со два гола беше најзаслужен за победата на четирикратниот шкотски прват против Мадервел со 3:1.

Македонскиот репрезентативец набрзина во 64. и во 69. минута ја затресе мрежата на гостите и ја прекина серијата серијата неуспеси на Абердин, тим кој беше поразен на последните пет меча во сите конкуренции.

Миовски со 14 гола е убедливо најдобар стрелец на тимот, чиj тренер во периодот од 1978 до 1986 година беше легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Македонецот одлично стои и на листата со најдобри стелци во Шкотска и е трет голгетер, само зад Фурухаши од Селтик со 18 и Шенкланд од Хартс со 17 гола.

 

 

- Оглас -

Најнови вести